Свет

ГЕРМАНСКИ ВОЈНИК ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА ВЛАСТИТЕ: Укинување на ковид мерките или ќе има мртви(ВИДЕО)

NEMAČKI VOJNIK PRETI VLASTIMA Ukinite korona mere inače će biti mrtvih

Германски војник и даде ултиматум на својата влада до денеска во 16 часот да ги повлече сите мерки против коронавирусот и да се оттргне од евентуалното воведување на обврската за вакцинација.

Тој се закани дека ќе има мртви тела по полињата

Според „твитот“ што го објави новинарот и уредник на „Билд“ Јулијан Ропке, германското Министерство за одбрана трага по овој војник. Ропке пренесе видео на кое непознат војник ја кажува својата закана.

Германското Министерство за одбрана на „Твитер“ соопшти дека „на интернет кружи видео од наводен војник кој често се споделува“.

„Тоа содржи закани против владеењето на правото кои се неприфатливи. Последиците веќе се истражуваат“, соопшти Министерството.

Related posts

Leave a Comment