Свет

Германски генерал: „Украина ќе биде поделена“

Eberhard Zorn: Die Bundeswehr zeigt null Toleranz gegenüber Extremisten -  Deutscher BundeswehrVerband

Не постои сценарио според кое НАТО би испратил свои сили во Украина, изјави за новинарите генералот на германската армија.

Генералот Еберхард Зорн во интервју за Die Welt негативно одговори на прашањето дали НАТО би можел да интервенира во Украина доколку Русија употреби оружје за масовно уништување против таа источноевропска земја.

Тој нагласи дека „тоа што го кажаа германскиот федерален канцелар и американскиот претседател Џо Бајден“ се уште важи, односно дека „во никој случај нема да ги распоредиме нашите сили на украинска територија“.

Германскиот генерал понатаму изјавил дека планирањето на руската воена операција во Украина било погрешно, бидејќи командантите направиле големи логистички грешки.

Зорн, исто така, предвиде дека конфликтот во Украина се повеќе ќе се претвора во борби во герилски стил. Сепак, таквиот развој на настаните би значел уште повеќе цивилни жртви, додаде тој, пренесува RT на руски.

Запрашан дали Украина има шанси против Русија, Зорн одби да шпекулира за исходот од конфликтот.

Едно нешто што најверојатно ќе се случи, според германскиот генерал, е поделбата на Украина на неколку држави, што ќе доведе до ќор-сокак.

Зборувајќи за германските вооружени сили, Зорн истакна дека канцеларот Олаф Шолц издвоил 100 милијарди евра за модернизација на Бундесверот.

Тој укажа и на потребата од систем за противвоздушна одбрана што би можел ефикасно да ја заштити земјата од руските ракети Искандер стационирани во регионот Калининград.

Сепак, развојот на таков систем во Германија би одзел премногу време и ресурси, призна генералот, велејќи дека поддржува купување на готови системи од САД или Израел.

Зорн рече дека „во овој момент не гледаме знаци за неизбежен руски напад врз земјите-членки на НАТО“, така што воената алијанса се уште има време да ги „прошири“ своите капацитети и „да го зајакне источното крило“.

Генералот откри дека НАТО би можел „да ги распореди неопходните борбени групи во сите земји од Балтичкото до Црното Море до крајот на мај“.

Германија, исто така, очекува да му обезбеди на НАТО целосно модернизирана дивизија во 2025 година, составена од 15.000 членови „обучени, опремени и затоа подготвени за акција“, рече Зорн.

Related posts

Leave a Comment