Новинарот Бранко Героски му порачува на премиерот Зоран Заев да ги смени гуртните и да го продлабочи „дното на душата“ за потоа да не се извинува, да не тужи новинари, да не го предизвикува Преспанскиот договор и секако да не се заканува со дестабилизација на регионот и Европа.
Зоки, да не биде дека не сум ти кажал, иако можеби е доцна.
Можеш да си повреден до “дното на душата”, ама не го предизвикуваш Преспанскиот договор. И не велиш дека ако Балканот има проблем и Европа ќе има проблем. Не се закануваш ако не можеш да ги оствариш заканите.
Можеш да ја мразиш опозицијата “од дното на душата”, ама не правиш гестови поради кои после мораш јавно да се извинуваш.
Можеш да си навреден до “дното на душата”, ама не го тужиш Зоран Божиновски, зашто премиер не тужи за навреда и клевета никого.
Што правиш тогаш?
Размислуваш малку да го продлабочиш тоа твое “дно на душата”. Ако можеш…
И мењаш гуртни, друже. Кочниците не ти работат!