Друже Заев што си зборел со Боки Тредичи за Камчев. Ова денеска го прашува новинарот Бранко Геровски кој прв обелодени за аферата Рекет.
– Македонија има право да знае, друже Зоки, за што зборува другарчето Боки Тредичи. Тебе те спомнува. Дали навистина сте разговарале за Камчев? Што е тоа „што никој не знае“? Каква е таа „конструкција“ и тоа „менаџирање“? Колку пати сте се сретнале со Боки Тредичи? Со какви овластувања сте разговарале за Камчев, ако воопшто сте разговарале на таа тема? Дали со друг сте разговарале на оваа тема, ако сте разговарале? Со Катица, на пример? Ајде сега, храбро и транспарентно, друже Заев. Да слушнеме што е оваа работа со Боки Тредичи. Зборот е збор нели, напиша Геровски на Фејсбук.
За потсетување, италијанскиот „La verita“ утрово објави нова, трета снимка околу случајот „Рекет“ од која убаво се слуша дека шефицата на СЈО неколку пати се слушнала со Орце Камчев од кој беше земен рекет од страна на Боки 13 и Зоки Кичеец, а се спомнува и името на премиерот Зоран Заев.