Илјадници луѓе се собраа вчера во Брисел по повод „националниот ден на акција“ и протестираа против високите цени на струјата, гасот и храната во Белгија.
Синдикатите и полицијата соопштија дека учествувале околу 10.000 луѓе, а во прекин е сообраќајот и јавниот превоз.
Граѓаните дојдоа од целата земја и маршираа со транспаренти „Животот е прескап, сакаме решенија сега“ и „Сè расте освен нашите плати“. На еден транспарент пишуваше: „Замрзнете ги цените, а не луѓето“.
Според истражувањето спроведено од една белгиска медиумска компанија, 64 отсто од граѓаните се загрижени дека нема да можат да ги платат сметките за струја и гас, кои во изминатата година се зголемени за повеќе од двојно.
Oceanic crowd today in Brussels to protest against increases in gas and energy bills and EU policy: "The high price crisis we are experiencing is caused by sanctions on Russia and the excess profits of multinationals, not wages!" Demonstration censored by the EU media. pic.twitter.com/nz0C87Gd1R
— RadioGenova (@RadioGenova) September 21, 2022
Осумдесет проценти од учесниците рекоа дека веќе се обидуваат да ја намалат потрошувачката на струја и вода.
– Кога одиме да пазаруваме, се што е во корпата чини 20, 30 евра повеќе и се зависи од тоа во која продавница одите. Доаѓаме до точка која нема да можат да ја издржат нашите паричници – изјави Паскал Краесо, демонстрант од Брисел.
Премиерот Александар де Кроа минатиот месец предупреди дека „следните пет до десет зими ќе бидат тешки“ поради високите цени на струјата и гасот поради конфликтот во Украина.