ФБ Статуси

ГОРАЗД РОСОКЛИЈА : Три битанги, со сесрдна помош на ,,народните избраници“, со потпис не трансформираа во национално обезличена толпа ,,на пат кон европска иднина.“

Фотографија на Gorazd Rosoklija.

ВЛАСТ И ОПОЗИЦИЈА

Функцијата на трочлената банда и на нивните пандани во опозицијата заврши.

Три битанги, со сесрдна помош на ,,народните избраници“, со потпис не трансформираа во национално обезличена толпа ,,на пат кон европска иднина.“

Всушност, со сѐ што се случи и се случува во Македонија, земјата се оддалечи од ЕУ без шанса било кога да стане членка (презадолжена и банкротирана економија, судство за подсмев, непочитување на човековите права, диктатура на најпримитивниот слој на општеството рамна на времето на Гулаг и Голи Оток, криминал и корупција во власта како и со амин на власта во секоја општествена пора, индексот на корупција според Транспаренси Инт. најнизок од постоењето на државата, еднаков со тој на Косово, образовна неписменост, мизерна едукација на сите нивоа, срушени национални институции, бугарска црква, земја претворена во депонија за токсичен отпад….).

Само човек со навистина многу скромен ум, може да мисли или да се надева, дека ваква Македонија со лидерството кое е на власт и со она што се нуди да биде власт, е на пат кон ЕУ.

ФБ Статус на Професорот Горазд Росоклија

Related posts

Leave a Comment