Рускиот репрезентативец Сергеј Горпишин од следната сезона ќе го носи дресот на Вардар. Горпишин доаѓа на местото на Рожерио Мораеш, кој ќе се пресели во Веспрем.
Горпишин игра на пивотменската позиција, висок е 200 сантиметри и има 21 година. Сезонава тој настапува во Бундеслигата во екипата на Ерланген.
Со Горпишин ќе се зголеми руската колонија во Вардар. Црвено-црниот дрес веќе го носат Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Данаил Шишкарев, Димитри Кисељев и Греб Калараш.