Михаил Мишустин ја предводи руската Федерална даночна служба од април 2010 година
Рускиот претседател Владимир Путин ја предложи кандидатурата на шефот на руската Федерална даночна служба Михаил Мишустин за позицијата премиер, информира прес-службата на Кремлин.
“Рускиот претседател Владимир Путин оствари работна средба со Михаил Мишустин, нудејќи му да ја преземе функцијата шеф на владата. По добивањето на неговата согласност, тој ја предложи кандидатурата на Мишустин за функцијата премиер на разгледување во Државната Дума (Русија- долниот дом на парламентот – ТАСС) “, информира прес-службата.
Мишустин ја предводи руската Федерална даночна служба од април 2010 година. Моментално има 53 години.