Специјалниот претставник на САД за дијалог Ричард Гренел го поздрави денешниот избор на нова влада во Приштина, предводена од премиерот Авдулах Хоти (ЛДК).
Тој рече дека едвај чека да продолжи дијалогот.
„Ја поздравувам новата Влада на Косово и со нетрпение очекувам да го продолжиме партнерството со нив во дијалогот со Србија“, рече Гренел во изјавата за медиумите.Владата на Хоти ќе ја наследи претходната на Албин Курти, на која и беше изгласана недоверба по само 50 дена на власт, пред се поради заострувањето на односите со САД.