Владите ширум светот имаат можност да преземат нов пат во подготовките за враќање на нормалниот живот после изолацијата со која се настојуваше да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави во средата климатската активистка, Грета Тунберг на конференцијата по повод Денот на планетата Земја.
Тунберг, кој се прослави себеси како 15-годишна, кога во петоците почна да го напушта училиштето за да протестира против загадувањето на животната средина во шведскиот парламент, рече дека пандемијата покажала дека треба да размислуваме долгорочно.
„Светот се смени“
„Ни се допаѓа тоа нам или не, светот се смени, тој е сосема поинаков отколку што беше пред неколку месеци и веројатно нема повторно да биде ист, а ние ќе мора да избереме нов пат“, рече таа.
„Ако вирусот може да уништи цели економии за неколку недели, тоа покажува дека не размислуваме долгорочно и дека не ги земаме во предвид тие ризици“, заклучи таа.
Тунберг (17) беше една од учесниците на Интернет-конференцијата за Денот на планетата Земја, започнат пред 50 години за да се подигне јавната свест за важноста на заштитата на животната средина.
Нејзиното движење, петок за иднината, објави видео на кое се гледа како семејство кое живее нормален живот, додека оклу куќата беснее пожар, како што и самат сликовито предупредуваше во своите говори.
Инаку, Грета Тунберг , често пати во јавноста е карактеризирана како алатка во рацете на Бил Гејтс, Џорџ Сорос и Ал гор.
1 comment
Точно време е да се врати животот во “нормала“, па така една од првите работи кои треба да се направат е да се врати девојчево и сите други деца како неа во училиште каде што им е местото!
На тој начин би можеле да го започнеме враќањето на животот во “нормала“.
Време е да се престане со злоупотреба на деца во политиката и маниупулирањето со јавноста!