Регион

Гром удри во авионот со кој Дачиќ леташе кон Љубљана

 

Авион од типот сокол со кој српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ полетал кон Љубљана, каде учествува на Стратешкиот форум Блед, бил погоден од гром, но авионот успеал да слета безбедно на аеродромот Брник во Љубљана, објави агенцијата Бета во понеделникот. 

Според РТС, благодарение на вниманието на пилотот, авионот синоќа слетал на аеродромот во Љубљана по ударот на гром, а Ивица Дачиќ продолжил на пат за Блед, каде учествува на Стратешкиот форум. 

РТС додава дека силно невреме ги погодило Словенија и Хрватска синоќа и дека за само два часа се регистрирани повеќе од 20.000 удари од молњи.

Ова не е прва кризна ситуација со авионот на српската влада. Во мај годинава, тој се расипа додека леташе над Грција, со Дачиќ во него. Авионот мораше да слета во Атина поради дефект.

Related posts

Leave a Comment