Македонија

Груевски : Високите државни раководители се уценети од некои светски сили, сега веќе се чини се уценети и од соседни земји

 

Ако досега се веруваше дека заради лични криминали, барање мито и слични активности, високите државни раководители се уценети од некои светски сили, сега веќе се чини се уценети и од соседни земји.
Секој ден повеќе опстанок на оваа уценета влада е огромен ризик за Македонија за нови изнудени отстапки – пишува Груевски на својата фб страница

 

.

Во сенка на мега корупцискит скандал на владата “Рекет” останаа неколку крупни работи од кои државата, граѓаните и посебно Mакедонскиот народ во иднина може да има огромна штета.

1. Од она што видовме од медиумите главниот сведок во случајот “Рекет” во одсуство на домашни здрави и нормални институции, во ситуација кога мафијата си ја контролира државата или поточно кога државниот врв стои зад мафијата, бил принуден за да докаже под каков терор со изнуди се наоѓа, да се обрати до службата на една соседна земја со која тој имал добри лични релации и како што стои во медиумите бил и нејзин државјанин.
Ова значи дека комплетниот снимен компромитирачки матерјал за актуелното раководство на државата и владејачката партија вмешано во аферата го има службата на соседната земја. Мислам на целиот матерјал, а не само оној дел кој е објавен во јавноста.Тој компромитирачки матерјал може да го искористи за уцена на државниот врв на Македонија, пред се по однос на нови и дополнителни остапки по националните прашања, но и за други остапки на пример поврзани со енергетска зависност, превземање на значајни монополи и слично.
Ако досега се веруваше дека заради лични криминали, барање мито и слични активности, високите државни раководители се уценети од некои светски сили, сега веќе се чини се уценети и од соседни земји.
Секој ден повеќе опстанок на оваа уценета влада е огромен ризик за Македонија за нови изнудени отстапки.

2. Во екот на мега скандалот “Рекет” се случи уште еден мега скандал, кој самиот премиер исплашен дека можеби е сниман во телефонски разговор со преставник на друга партија, јавно го призна и го потврди со невешти обиди да го преиначи мотивот за истото.
Имено, поранешниот министер за правда, актуелен градоначалник на Сарај и одговорна личност во ДУИ за прашања поврзани со ресорот правда и правосудство-Блерим Беџети јавно медиумски обелодени дека “балканскиот крал на марихуаната” телефонски му вршел директен притисок за влијание во судскиот совет кај членовите од албанска националност, а со цел смена на актуелниот претседател на Врховниот суд. Ова во секоја земја во светот е голем скандал. А во Европа како континент со понапредна демократија е огромен скандал. Во било која земја членка на ЕУ, по едно вакво обвинување, обелоденување и потоа негово признание, Премиерот си поднесува оставка. Ова не може а да не го вклучи “црвениот аларм” кај луѓето задолжени да ја следат Македонија во Брисел и во главните градови на земјите членки и да направи голема штета на толку очекуваниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Среќна околност е што Европската Комисија има политички став, без обзир на сите слабости, да се отворат преговорите. Но, со обзир дека има и земји кои имаат негативен став кон ова прашање (несреќната околност), ова е давање на сериозен аргумент на тие земји, на кои аргументи непостои соодветен одговор. Секој од нив би можел да рече: “на кого барате да одобриме почеток на преговори за членство кога таму Премиерот јавно признава дека врши притисок на коалиционите партнери со цел да го смени и да си постави свој претседател на Врховниот суд”.
Едно пропуштање на возот за почеток на преговорите може да значи ново долго чекање и докажување. Тоа би направило огромна штета на почетокот на преговорите со ЕУ за кои истиот тој премиер го смени името на државата, историјата на нацијата и идентитетот на Mакедонскиот народ, а за да обезбеди мнозинство во Парламентот за промена на Уставот го направи најголемиот политички прогон во земјата по 1949 година, со бескурпулозно апсење и ослободување пратеници по потреба, нарачувајќи судски пресуди, притвори, фабрикувани случаи на политичките неистомисленици, итн.
Веќе институциите на три држави членки на ЕУ, Грција, Унгарија и Шведска, донесоа одлуки во кои јасно укажуваат на политички прогон, политички, а не криминални гонења, нефер судење, непостоечки квалификации во обвиненијта и пресудите во судовите во Македонија за кои десетици луѓе веќе се во затвор.

3. Трета значајна работа со огромни финасиски последици е што во сиот овој хаос, тргнувајќи од скандалозниот процес на промената на името, преку огромните скандали со непотизми, корупциски афери, незаконски работења, марихуани на премиерот, самододелени концесии на нови приватни хидроцентрали на вицепремиерот итн, па до криминалниот скандал “Рекет” некако бесшумно и во сенка поминаа неколку крупни намерни или ненамерни грешки во економските чекори на владата кои земјата по завршувањето на судските процеси и арбитражи постепено тргнувајќи од следните 7-8 месеци, па до три години од сега, може да ја чинат околу или над 1.500.000. 000 евра (со букви: една милијарда и петстотини милиони евра). Ваква сума не само што не се враќа од редовните приходи во Буџетот, туку ќе биде исклучително тешко за неа да се обезбедуваат и заеми бидејќи станува збор за износ кој е повеќе од една третина од вкупниот државен долг на Македонија. Како премиерот планира да ги исплати овие штети ќе видиме или можеби планот му е да земе што може и од овие процеси, па проблемот да го остави на новата влада по поразот на СДСМ на следните избори. Но, што и да се случи, парите ќе ги плати народот, порано или подоцна. Станува збор за четири случаи кои се покренати или се подготвуваат да се покренат пред меѓународен суд, а по одлуките на владата. Најголемиот случај од нив, можеби над две третини од овој износ, се очекува да биде одземената концесија за рудникот Иловица, која концесија е и дадена и земена од владите на СДСМ (поранешната на Бучковски и сегашната на Заев). Тука се и случаите со Казандол, слична проблематика како Иловица, сомнителниот случај за чудниот стрчај на Фени за кој веќе е покрената арбитража за намерен стрчај и Окта за која поранешната влада беше подготвила стратегија како да се спречи оваа тужба која произлегува од договорот, заради во изборите во 2016 не ја спроведе, ја остави на новата влада, која ја игнорираше како и се друго што им беше оставено подготвено и тужбата е веќе процесоирана. Тука е и една тужба од Макпетрол пред домашните судови која колку и да личи бесмислена, имајќи ја во предвид состојбата во судовите може да изненади.
Така, наместо. Македонија економски да се развива во следните 10 години, ќе треба да плаќаме за грешките на некомпетентни и корумпирани луѓе направени последните две години. Постојат основани сомнежи дека дел од овие случаи се свесно направени во договор со тужителот за на брз начин да се дојде до износ на пари за кој би требало 20 или повеќе години или кои би можеле да се спречат со чекори превземени од владата.
Доколку не се превземе нешто итно за неколку месеци, потоа ќе биде предоцна. Првите пресуди ќе почнат да пристигаат.

4. Големо коруптивно задолжување ќе биде и најавеното задолжувањето на државата на износ од 500 милиони евра кај приватни комерцијални банки за изградба на нов клинички центар во Ѓорче Петров. Овде каде имаме тендер за изградба без проект, со критериум при одлучување во кој 70% од поените одат на квалитет а само 30% на цената, што значи ќе одберат кого сакаат без разлика на цената, “од авион” се гледа дека се подготвува мега криминален проект. Проектот со Клиничкиот центар ќе беше завршен за 80 милиони евра, а заедно со опремата 120 милиони евра, ако од новата влада се спроведеше веќе потпишаниот договор за градба од април/мај 2017 година.
Се личи како да СДСМ е веќе свесен дека на следните избори ќе ја загуби власта и сега брза, по секоја цена набрзина да разграби што ќе стигне.

Секој ден повеќе опстанок на оваа криминална и корумпирана влада е огромена штета и ризик за Македонија и граѓаните.

За опозицијата е подобро изборите да се редовни за победата да е поголема а новата влада постабилна. Но за Македонија е најдобро изборите да се утре.

 

Related posts

Leave a Comment