Ако животот во Германија ви е прескап, ако се плашите од смрзнување поради лошото греење во текот на зимата – дојдете во Грција, им порача на Германците грчкиот министер за туризам Василис Кикилијас.
Грчкиот министер за туризам, Василис Кикилијас, ги повика Германците да дојдат во Грција и да го поминат животот таму, поради поскапувањето и неизвесноста околу испораката на гас.
Во интервју за германски „Билд“, Кикилијас истакна дека на Грците би им било големо задоволство доколку во текот на есента и зимата ги угостуваат германските пензионери, кои би сакале да ја доживеат „медитеранската зима“, со грчко гостопримство, благо време и висококвалитетни услуги.
Ќе ве чекаме“, рече Кикилијас.
Крит им бил препорачан на Германците како најдобро место за зима, со порака дека зимата на тој јужен остров трае само два месеци – со 10 топли денови.
Градоначалникот на Ханија, главниот град на Крит, Панајотис Симандиракис исто така им посака добредојде на сите Германци кои би сакале да живеат во Грција – „далеку од кризата“.
„Ханија е најдобрата дестинација за секој да ја помине кризната зима. Топли, пријателски расположени луѓе и можеби најдобрата клима во Европа во текот на целата година“, рече Симандиракис.
Напоменува дека не им треба греење во текот на зимата.
Ниту еден Германец нема да замрзне во Грција“, рече Симандиракис.
Во интервју за „Билд“, агентот за недвижности Јанис Кријарас истакнува дека во Грција нема гасна криза и дека за сите заинтересирани Германци има многу станови и куќи кои можат да се изнајмат евтино во текот на зимата – од 300 евра месечно па нагоре.