АТИНА – Илјадници демонстранти кои се спротивставуваат на вакцинирањето протестираа денеска во двата најголеми грчки града против плановите за ставање на вакцините против ковид достапни за децата.
Протестите се одржаа пред парламентот во Атина и Солун, објави Ројтерс.
Грчките власти сметаат дека забавите, со присуство на голем број луѓе, се виновни за неодамнешното зголемување на бројот на новозаразени, објави АП.
Новите мерки предвидуваат објектите за забава да бидат отворени само за оние кои биле вакцинирани, а вакцинацијата да биде задолжителна за вработените во установите за згрижување и болниците.
Нешто повеќе од половина од грчкото население примило барем една доза од вакцината, пренесува Танјуг.
Од утре и на деца на возраст од 15 години ќе им биде дозволено да закажат термин за вакцинација со согласност на нивните родители.