Македонија

Грчката авијација се подготвува да ја преземе контролата врз небото на Македонија

Related image

Два грчки Ф-16 влетаа на македонска територија како дел од подготовките на Грција за преземање на „небесkата контрола“ на Македонија.

Ова ќе се случи кога Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО, објави денес Телма Телевизија

На телевизијата и кажале од Министерството за одбрана на  Македонија дека вчера е направен првиот лет на два грчки воени авиони за обука на грчки пилоти и македонски оператори.

„Се прават подготовки за целосна оперативна ефикасност“, велат од Министерството.

Според грчките медиуми, ловци од ескадронот 337 грчки воздушни сили,полетале од Лариса и летале над целото македонско небо.

Летот е направен во целосна координација со системите за комуникација на летови во Скопје, додека воздушниот простор беше набљудуван од радарите , пренесува Телма, додавајќи дека грчките медиуми го означиле летот како целосно преземање на контролата на небото на Македонија од страна на грчката авијација.

Техничкиот аранжман за надзор на воздушниот простор помеѓу Македонија и Грција потпишан на 30 септември, откако министерствата за одбрана на двете соседни земји потпишаа договор за соработка во одбраната во април.

Грчките воени авиони направија два тест лета на воздушниот простор на Македонија во мај, а според Телевизија Телма,на  Бугарија првично и било понудено да го контролира македонското небо.

Related posts

Leave a Comment