По вчерашниот говор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Солун, дел од грчките опозициски партии го нападнаа претседателот на грчката влада дека од борец за Македонија, станал „предавник“ и дека со тоа што не го спомнал Преспанскиот договор, всушност признал дека мора да се почитува.
Од СИРИЗА велат дека Мицотакис во пракса ја признал потребата од почитување на Преспанскиот договор, од МЕРА25, на поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис коментираат дека изненадува молкот на грчкиот премиер, а од „Грчко решение“ велат дека Владата „го предала светото име Македонија на скопјаните“, јави МИА од Атина.
„Господине Мицотакис, вие можете да ги остварите вашите контакти со странците, но грчкото општество сфати – Ја продадовте Македонија за премиерската фотелја“, обвинуваат од десничарската партија „Грчко решение“.