Светиот синод на Грчката православна црква денеска официјално ја призна автокефалноста на Украинската православна црква. Одлуката е донесена по барање на Вселенската патријаршија. Во гласањето во Синодот учествуваа 80 епископи. Одлуката ја објави Архиепископот Атински и грчки, Јероним. На 6 јануари оваа година Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул потпиша указ за автокефалност на Украинската православна црква.