Скопје

ГТЦ стар 50 години сув барут, ИСТ Гејт стар година тоне ко Титаник (ВИДЕО)

По вечерашните обилни врнежи во Скопје во кои настрадаа многу објекти и улици, се потврди правилото дека објектите изградени пред неколку децении се далеку поквалитетни отколку новите кои беа бомбастично најавувани како чуда на модерната архитектура.

За споредба ги земавме трговските центри ГТЦ и ИСТ Гејт.

Иако првиот е изграден пред 50 години, тој вечера го издржа налетот на поројните дождови без поголеми проблеми и оштетувања и насобраната вода беше експресно собрана од екипите кои се вработени во ГТЦ, додека ,,помпезниот” и долго најавуваниот ИСТ Гејт наликува на објект погоден од цунами, па така гледаме сцени на кои јасно можеме да видиме дека објектот е тотално промашување од секој аспект.

Секоја чест и за менаџментот на ГТЦ кој навремено реагираше и се справи со налетот од обилен дожд.

Погледнете ги видеата и фотографиите од двата ТЦи и направете споредба:

 

Related posts

Leave a Comment