Свет

Густаво Петро, ​​левичар и поранешен герилец, е новиот претседател на Колумбија

Левичарот и поранешен герилец Густаво Петро беше избран на изборите во неделата за нов претседател на Колумбија, прв во колумбиската историја од редовите на левицата.

Поранешниот член на герилското движење М-19 освои 50,5 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат, независниот Родолфо Хернандез 47,3 отсто.

Во понеделникот, американскиот државен секретар Антони Блинкен и честиташе на Колумбија за „слободните и фер“ избори, велејќи дека со нетрпение очекува да работи со новоизбраниот претседател Густаво Петро, кој најави длабоки социјални промени.

Вака неочекувано убедлива изборна победа тој извојува, со разлика од дури 716.890 гласови. Во предизборните анкети двајцата кандидати беа речиси изедначени. Овој сенатор и поранешен градоначалник на главниот град Богота победи во третиот обид, а во кампањата вети дека ќе се бори против нееднаквоста со бесплатно универзитетско образование, реформи во пензискиот систем и високи даноци на непродуктивното земјиште.

Тој, исто така, предложи забрана за нови нафтени проекти и најави спроведување на мировниот договор со бунтовничката група ФАРК и преговори со герилската група ЕЛН. Франс Маркез е номинирана за потпретседател, со што стана првата црна жена на оваа функција во историјата на Колумбија.

Противникот Ернандез, ексцентричен градежен претприемач и поранешен градоначалник на Букараманга, беше изненадувањето на овогодинешните избори, најавувајќи помал државен апарат и финансирање социјални програми со запирање на корупцијата. Иако најави борба против корупцијата, самиот Ернандез е под истрага поради сомнение дека интервенирал на јавен тендер за депонирање отпад за да обезбеди работа за компанијата во која лобирал неговиот син. Тој тврди дека наводите се неосновани.

Related posts

Leave a Comment