Свет

Дали децата ќе носат маски во училниците? Конфликт помеѓу родителите и училишниот одбор во Флорида

Во Флорида, која беше погодена од епидемија на коронавирусот, гневните родители се судрија со членовите на училишниот одбор на округот Броувард околу тоа дали нивните деца ќе бидат принудени да носат маски во училниците.

Во Јужна Каролина, училишните службеници ги потсетија родителите дека пратениците забранија воведување обврска за носење маска, објави Ројтерс.

Во држави како што се Северна Каролина и Алабама, некои јавни училишни области најавија дека ќе бараат покривање на лицата на учениците, иако соседните окрузи одлучија дека маските остануваат прашање на избор.

Одлуката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести во вторникот да го смени курсот и да препорача сите ученици и вработени да носат маски на училиште без оглед на статусот на вакцинација, предизвика нова конфузија и фрустрација кај родителите, воспитувачите и службениците само неколку недели пред многу држави да одлучат да ги вратат учениците во училниците со новата учебна година.

Агенцијата претходно објави дека само на невакцинираните ученици ќе имаат требаат маски.

 

Related posts

Leave a Comment