Свет

Данска е збунета од ненадејниот интерес на Трамп за купување на Гренланд

 

Волстрит Журнал во четвртокот објави дека Трамп го споделил својот интерес со неговите помошници за купување на Гренланд

 

Данските политичари ги сметаат извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп покажува интерес за набавка на Гренланд – автономна данска територија – како далекусежна шега, напишаа поранешните членови на данската влада на своите официјални страници на Твитер во петокот.

„Мора да е шега  … но тотално надвор од сезоната,далеку од 1 Април !“ напиша поранешниот премиер Ларс Локке Расмусен.

„Трамп го купува Гренланд? Се надевам, ова е шега, но инаку е ужасна мисла што носи ризик од милитаризација на Гренланд , истакна поранешниот министер за надворешни работи Мартин Лигедар.

„Верувам дека ќе ги задржиме нашите 370 милиони барели земја“, подвлече поранешниот министер за правда, Сорен Пинд.

Волстрит Журнал во четвртокот објави дека Трамп, кој ќе престојува во официјална посета на Данска на 2-3 септември, го споделил својот интерес со неговите помошници за купување на Гренланд. Во написот се вели дека некои од неговите помошници ја поддржале идејата, велејќи дека таков чекор може да биде економски корисен. Други блиски до претседателот се сигурни дека оваа иницијатива никогаш не би можела да успее. Весникот сугерира дека соработниците на Трамп особено разговарале дали Вашингтон би можел да го засили своето воено присуство на Арктикот со купување на Гренланд во светлина на идеите на претседателот.

Во написот се посочува дека минатата година Трамп ги замолил оние што се блиски до него да обрнат внимание на фактот дека Данска се соочувала со финансиски тешкотии затоа што Гренланд сочинува дел од Кралството. Американскиот претседател, исто така, тогаш постави прашање до неговите помошници дали сметаат дека Вашингтон треба да се обиде да ја купи оваа територија.

Related posts

Leave a Comment