Најмалку двајца турски војници се убиени во нападот на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад во северната сириска провинција Идлиб, соопшти турското Министерство за одбрана.
Во соопштението се вели дека шестмина турски војници биле повредени во нападот.
Министерството соопшти дека турските сили веднаш одговориле на нападот и продолжиле да ги таргетираат сириските цели.
По денешниот напад, бројот на загинати на турските војници од почетокот на операцијата во Идлиб се искачи на 59.