На 21-ви февруари во Општествената Палата на Руската Федерација ми беше укажана посебна чест како единствен експерт од Македонија да настапам со свој труд за време на тркалезната маса „Осум години од нелегалниот пуч во Украина: резултати и последици [1]“. Тркалезната маса се оддржа во преубавата Столипинска сала, во присуство на експерти, новинари, политолози, историчари од Русија, САД, Франција, Италија, Македонија, Србија, Црна Гора и Унгарија.
Темата на мојот труд беше „Двојните стандарди на Западот во однос на Балканот, Украина и Тајван [2]“. Мојот труд на видеото
започнува од 81 минута и 45 секунда.
Својот труд го започнав со еден цитат на првиот генерален секретар на НАТО, Лордот Хастинг Исмеј, цитат кој што го модифицирав во врска со последните случувања во Европа.
“Целта на САД во Европа е да ја држи Европа под своја контрола и доминација, Русија и Кина надвор од Европа, а Германија и Франција да бидат подчинети на интересите на САД“.
Како резултат на ескалацијата на ситуацијата во Украина и на Донбас, САД ќе ги постигнат своите цели. Под предлогот на одговор на руската закана за Источна Европа и за Балканот, САД разместуваат додатни воени контингенти во Источна Европа и на Балканот. Балканот кој што одамна е под политичка и економска контрола на САД и на ЕУ, денес е ставен и под целосна жестока воена контрола на САД и НАТО. Се разместуваат дополнителни воени единици на целиот Балкан. Со ескалацијата во Украина, САД добиваат одличен предлог и можност да ги истиснат Русија и Кина надвор од Европа и од Балканот, да го зацврстат НАТО, и да ја зацврстат својата доминација во Европа.
Ние на Балканот најдобро на своја кожа ја почувствувавме лицемерноста и двојните стандарди на Западот. Сите го паметиме Косово. САД и НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ООН 78 дена ја бомбардираа Југославија во 1999 година. А во 2008 година, и покрај Резолуцијата 1244 на Советот за Безбедност на ООН, САД и Западот ја прекршија истата и го признаа Косово, кое од тогаш функционира како квази држава. Од друга страна Западот по секоја цена го спречува излегувањето на Република Српска од Босна и Херцеговина и се заканува со жестоки санкции и други последици во случај на објавување на независност.
Од една страна денес САД и Западот активно ја поддржуваат и ја вооружуваат Украина. Западот изјавува дека го почитува територијалниот интегритет на Украина, и дека Донбас треба да се врати во Украина. Тоа е сосема ок и легитимно, согласно меѓународното право, но на виделина излегува лицемерието и двојните стандарди на Западот. Западот ја потикнува Украина по воен пат да ја врати контролата над Донбас и да спроведе воена операција слична на „Олуја“. Но таква операција на Донбас нема да помине, бидејќи Русија тоа нема да го дозволи. Во однос на Косово Западот и се заканува на Србија да не сонува дека еден ден може да го врати Косово, и дека Косово е завршена приказна.
Во 2001 година во Македонија се случи вооружен конфликт, кој што беше на работ да прерасне во граѓанска војна. И покрај тоа што почнувајќи од 1999 година на Косово беше разместен огромен контингент на КФОР, во 2001 година терористички групи од Косово започнаа да изведуваат напади и да воспоставуваат контрола над одредени територии на границата помеѓу Македонија и Косово. КФОР на никој начин не се трудеше да го спречи тоа. Под притисок на САД и ЕУ, Македонија во август 2001 година се согласи на преговори и на крајот беше потпишан Охридскиот рамковен договор. САД и ЕУ ја принудија Македонија да го спроведе до крај договорот, и покрај тоа што истиот е негативен за Македонците е на крајот доведе де факто до федерализација на Македонија. Од друга страна и покрај тоа што Франција и Германија се гаранти на договорите од Минск во 2014 и 2015 година кои што ставија крај на жестоките судири на Донбас, тие не ја принудија Украина да ги спроведе и имплементира договорите од Минск. Лицемерието и двојните стандарди на Западот уште еднаш на дело.
Интересна е и позицијата на САД и Западот околу Тајван. Во случајот на Донбас, САД и Западот ја поддржуваат Украина да ја врати контролата над Донбас, и не ги признаваат Доњецката и Луганската Народна Република, но од друга страна САД и Западот ја поддржуваат независноста на Тајван, и и се закануваат на Кина да не се осмелува по воен пат да го врати Тајван во родното пристаниште, во составот на НР Кина, каде што Тајван од секогаш и припаѓал. Уште еден пример за лицемерието и двојните стандарди на Западот.
Друг одличен пример за лицемерието и двојните стандарти на Западот е обвинувањето на НР Кина за вршење на геноцид против Ујгурите, а од друга страна Западот го негира геноцидот врз рускојазичното население во Украина.
Трудот го завршив со фразата дека „Светот влегува во нова турбулентна фаза од својот развој, кој што ќе го промени текот на историјата.“
После тркалезната маса дадов кратко интервју на новинарката Анастасија Алексеева од медиумот Полит Експерт.
На прашањата Каков ефект ќе има кризата на Украина и Донбас врз Балканот, како и Какво е мислењето на балканците за кризата, одговорив дека „Најдобро сценарио и за Балканот, а пред се за Украина, Донбас, Русија и Европа би било Украина да го спроведе и имплементира Минскиот договор, и Донбас да се врати во составот на Украина. На Балканот тлеат неколку конфликти, и во случај на ескалација на ситуацијата во Украина, можно е ескалација и на Балканот. Најголем дел од населението на Балканот не ја разбира и не ја знае причината за конфликтот на Украина, и се однесуват незаинтетесирано и неутрално за ситуацијата околу Украина. Но во случај на ескалација која што е многу веројатно, на крајот сите ќе изгубат.“
Дарко Тодоровски-Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар