Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, се откажа од трката во Демократската партија за номинација за претседател на САД.
Тој го поддржа Џо Бајден, главниот конкурент на Берни Сандерс за номинација кај демократите, а со тоа му се приклучи на Пит Бутиџиџ, кој го стори истото пред неколку дена.
Блумберг наТвитер изјави дека се повлекол од истата причина поради која се кандидирал – да го победи Трамп.“Пред три месеци, се вклучив во трката за да го победам Доналд Трамп. Јас денес ја напуштам од истата причина. Поразот на Трамп започнува со обединување во изборот на кандидатот кој има најголеми шанси да го стори тоа. Јасно е дека тоа е мојот пријател и голем американец Џо Бајден. “, напиша Блумберг.
Three months ago, I entered the race to defeat Donald Trump. Today, I'm leaving for the same reason. Defeating Trump starts with uniting behind the candidate with the best shot to do it. It's clear that is my friend and a great American, @JoeBiden. pic.twitter.com/cNJDIQHS75
— Mike Bloomberg (@MikeBloomberg) March 4, 2020
Оставката на Мајкл Блумберг доаѓа по катастрофалниот резултат на „Супер вторникот“, бидејќи тој оствари победа само во Американска Самоа.
Во неговата кампања Блумберг инвестираше повеќе од 500 милиони долари, но тоа му обезбеди само победа во Американска Самоа, која носи само шест делегати.