Македонија

Дежаву : Заев пак менува одлука по кој знае кој пат досега,овој пат спорен датумот за избори

Nord-Mazedonien NATO Flagge in Skopje (Reuters/O. Teofilovski)

 

Зоран Заев денеска изјави дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но се остава можност да се случат какви било промени поради ратификацијата на протоколот за прием во НАТО.

„Треба да го задржиме 12 април. Секако, секојпат одговорноста на државата е пред сѐ. Оставаме можност да се случат какви било промени, пред сè, поради НАТО-ратификацијата“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека не смееме да дозволиме да нема парламент кога ние треба да го ратификуваме протоколот со НАТО.

„Нема да дозволиме како држава да останеме без парламент. Сите 29 земји членки го ратификуваа и ќе дојде до Република Северна Македонија и тогаш ние немаме парламент. Тоа не смееме да го дозволиме“, рече Заев.

Претходно, претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека ќе го распушти Собранието на 11 февруари, на 60 дена пред одржувањето на парламентарните избори закажани за 12 април. Тој рече дека не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува протоколот за членство во НАТО.

По ратификацијата на 29-те земји членки, и нашата земја ќе треба да го ратификува протоколот.

Related posts

Leave a Comment