Десетици илјади луѓе синоќа ги преплавија улиците на Ла Паз, главниот град на Боливија, при што дојде до судири помеѓу приврзаниците на актуелниот претседател и неговите противници кои ја доведуваат во прашање законитоста на победата на Моралес на последните избори. Во градот Винто, опозициските сили ја нападнаа градоначалничката.
Градоначалничката на Винта, Патриција Арче, политички блиска до претседателот Ево Моралес, не успеа да избега од лутите антивладини демонстранти.
"c'est un pays libre et je ne vais pas me taire
Si vous voulez me tuer ,tuer moi !
Comme je l'ai déjà dit
pour ce processus de changement
je donnerais ma vie"
Patricia Arce Guzman Maire de Vinto
en Bolivie
Membre du parti de Evo Morales
pic.twitter.com/Y7tm3mEssS— NOUS..SOMMES..φi.. #NoMoreTrump ✍ (@manential) November 8, 2019
Тие ја грабнале додека се обидувала да побегне од Градското собрание, присилно ја извлекле надвор боса, ја полиле со црвена боја, а потоа и ја отсекле косата.
“Вистината е со мене и не се плашам да ја кажам мојата вистина. Живеам во слободна земја и нема да ме замолчите. Ако ме сакате мртва, убијте ме.И сега како и секогаш кажувам дека ќе го дадам животот за нашето движење за промени,, рече градоначалничката на Винто.
Опозицијата тврди дека Моралес украл гласови на неодамнешните претседателски избори и останал глув на резултатите од референдумот одржан пред три години, кога граѓаните изгласаа дека шефот на државата може да владее максимум два мандати.
Ова доведе до избувнување на немири низ Боливија.
Во судирите со силите на редот, еден млад човек загина, а десетици се повредени.