Македонија

Денес е меѓународен ден на бегалците.За Македонците од Беломорските краеви што живеат во Република Македонија ,Бугарија и низ целиот свет ден кој не потсетува на најголемиот ужас на нашите семејства.

 

 

Денес е меѓународен ден на бегалците. За Македонците од Беломорските краеви што живеат во Република Македонија ,Бугарија и низ целиот свет ден кој не потсетува на најголемиот ужас на нашите семејства. Тргнавме со торбички наполнети со сапун, леб, сирење и месо – се што ни дадоа мајките и бабите. Беше 24 март. Ноќта ја минавме во Герман. Утредента се качивме на планините над селото и цел ден се криевме таму бидејќи авионите го бомбардираа селото. Штом падна ноќта, тргнавме пеш. Кога застанавме на границата партизаните ни рекоа да им ги дадеме ќебињата. Рекоа: “Ќе ви дадат нови таму”. Им го дадов големото црвено ќебе што ни го даде мајка ми бидејќи беше премногу тешко за носење, но задржав едно мало. На грб ја носев братучетка ми Елени. Имаше кадрава коса, беше двеиполгодишна. Јас имав само тринаесет. Ни рекоа да одиме кон планината, правецот го сменивме двапати или трипати, не можевме да најдеме место каде да ја преминеме границата со Југославија. Одевме пеш, боси, одевме и одевме и одевме. Бевме дечиња патувавме ноќе. Ги слушавме авионите како доаѓаат и фрлаат бомби. Ја минавме границата и дојдовме во Дупени. Таму луѓето ни дадоа леб, и пиперки и домати од туршија. Потоа не однесоа во Љубојно, а од Љубојно во Битола. Таму не качија на товарен воз. Никогаш нема да го заборавам тоа патување. Не напикаа како ајванчиња, ќе се задушевме. Некои деца се мочаа, некои имаа пролив, беше ужасно, не знам како преживеавме. Потоа стигнавме во Браилово, многу деца се разболеа. Сестра ми крена 40 температура гореше од оган. Мајка ми ме виде од далеку и ми рече: “Софија побарај и на таа жена волнено ќебе да ја покриеш сестра ти”. Спиевме надвор на слама. Немавме ништо за покривање, си ги дадовме сите ќебиња. Отидов и со солзи во очите ја молев жената, но таа не сакаше да ми даде ништо. Го мразев тоа место. Ќе зовриеа еден казан со вода и ќе фрлеа малку макарони да не нахрана, само вода беше. Гладот беше ужасен. Ги јадевме ронките, толку многу бевме гладни. Кога дојде време да заминеме, не ставија во еден ограден простор, како овци во трло. Двајца стојат на врата, а ние две по две одиме како овци на молзење. Не проверуваа додека поминувавме, ако си постар на една страна ако си помал на друга, не им беше грижа дали сте браќа сестри или братучеди. Плачевме и викавме бидејќи не разделија. Не качија во возовите и патувавме, многу долго патувавме. Кога се разбудив, погледнав наоколу. Влегоа некои луѓе, не знам на кој јазик зборуваа.

(Спомени на децата бегалци од граѓанската војна во Грција)

Related posts

1 comment

Leave a Comment