Политика

Димитров не сака Албанија да стане пречка за Македонија да не добие датум за преговори во октомври

 

Македонија не треба да дозволи Албанија да ù стане пречка за добивање на датум за преговори за членство во ЕУ. Ова го изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров по средбата со неговиот австриски колега Александер Шаленберг. Димитров рече дека процесот за пристап кон ЕУ е индивидуален.

Шаленберг пак, информираше дека Виена би сакала да види датум за преговори и за двете држави.

„Не сакам да судам за дискусиите што ќе се одвиваат, но нашиот став како Австрија е јасен… Северна Македонија и Албанија треба да бидат поканети од Брисел и да почнат преговори“, рече Александер Шаленберг, министер за надворешни работи на Австрија.

Шаленберг нагласи дека и токму оваа негова посета е во насока на давање поддршка за евроинтеграциските процеси на земјава.

Related posts

Leave a Comment