Свет

Договор помеѓу САД и Турција, Пенс вели дека Курдите веќе се повлекуваат

САД и Турција постигнаа договор за петдневен прекин на огнот во северна Сирија што ќе овозможи повлекување на курдските сили. Курдските сили веќе се повлекуваат, рече Пенс. Трамп вели дека благодарение на договорот „ќе се спасат милиони животи“.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, денеска се сретна со турскиот претседател во Анкара.

Тој на прес-конференција рече дека постигнале договор Турција да ја прекине операцијата во Сирија за да дозволи повлекување на сириската курдска милиција, наречена Единица за народна заштита, во наредните 120 часа.

Според тој договор, ќе биде формирана безбедносна зона широка 32 километри.

Пенс рече дека договорот е голем придонес во односите помеѓу Вашингтон и Анкара и дека нема да се воведат санкции доколку се спроведе договорот.

„Ние ќе работиме заедно за спроведување на договорот“, рече Пенс, истакнувајќи дека курдските сили веќе се повлекуваат.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со комплициран дипломатски речник потврди е договорен прекин на огнот и воспоставување на безбедносна зона во северна Сирија. Тој рече дека ќе го заплени тешкото оружје и ќе ги уништи курдските бази во областа. 

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека  „голема вест“ доаѓа од Турција . Тој се заблагодари на Реџеп Таип Ердоган и рече дека ќе бидат спасени милиони животи.

 

“Овој договор не можеше да се постигне пред три дена. Требаше натегање за да се постигне ова. Одлично за сите! Горд сум на сè”, рече Трамп во новата објава на Твитер .

Турските трупи и нивните сириски сојузници започнаа офанзива во северна Сирија минатата недела за да ги истуркаат припадниците на сириската курдска милиција од границата. Операцијата резултираше со голем број жртви и нов бран бегалци.

 

Related posts

Leave a Comment