Коронавирусот беше направен како биолошко оружје, а главната цел беше да се отстрани од власт сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Кон средината на септември, специјалниот пратеник на САД за Косово, Ричард Гренел, ги посочи овие тврдења, кои се покажаа како целосно оправдани. Самиот Трамп ги посочи овие манипулации за време на неговиот говор на предизборните митинзи.Целта е постигната, Трамп не е реизбран за претседател на САД.
Доказ дека коронавирусот е создаден и искористен да се тргне Трамп од чело на најмоќната земја во светот е објавата на фармацевтската компанија Пфајзер, во која се наведува дека првичните резултати од третата фаза на истражување на вакцината за ковид се повеќе од добри.
„Пфајзер најавува дека вакцината е ефикасна 90 проценти, според првичните резултати од третата фаза“, се вели во соопштението на компанијата.
$PFE Pfizer’s first results from phase 3 trials are proving 90% effective!! These are just early results, not final results. But that’s a great percentage! https://t.co/jUs0Kq1I0l
— Cloud Surfer (@TradingJoe4) November 9, 2020
Висок претставник на компанијата изјави дека веста за вакцината е најдоброто нешто што може да им се случи на САД и јавното здравство.
– Денес е голем ден за науката и за човештвото. Првиот сет на резултати од третата фаза на истражување на вакцината против ковид 19 ги докажува првичните докази за можноста на нашата вакцина да спречи инфекција со коронавирус – изјави шефот на управата на Пфајзер, др. Алберт Бурла.
Извршниот директор на компанијата изјави дека до крајот на годината ќе произведе доволно вакцини за да бидат имуни 15 до 20 милиони луѓе, пишува Њујорк Тајмс. Пфајзер ја развива вакцината во соработка со германската компанија BioNTech, а анализата покажува дека вакцината покажува многу подобри резултати отколку што се надевале многу експерти и според ефикасноста може да се спореди со постоечката вакцина против сипаници.
Моќното оружје против ковидот доаѓа точно во моментот кога Трамп ги губи изборите, додека пред гласањето, вирусот буквално дивееше и создаваше големи проблеми што резултираа со социјални немири низ САД. Короната доведе до висока невработеност во оваа земја, како и пад на животниот стандард.
Короната сега одеднаш ќе исчезне, како што одеднаш се појави, бидејќи целта е постигната – Трамп е заменет. Да потсетиме, американскиот претседател на предизборниот митинг потврди дека пандемијата е насочена директно против него, велејќи дека по 4 ноември (денот на изборите), американските граѓани повеќе нема да слушаат за вирусот КОВИД-19.