ПОВЛЕКУВАЊЕТО на претставниците на Европската унија, САД и Велика Британија од Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ не е поврзано со воената опасност, но може да биде подготовка за голема провокација во Донбас од страна на Киев и неговите западни покровители, изјави Луганскиот народен претставник Родион Мирошник.
– Повлекувањето на претставниците на ЕУ, САД и Британија од составот на набљудувачката мисија на ОБСЕ е свесен чекор на Западот да го блокира протокот на официјални информации од Украина, а воената опасност нема никаква врска со тоа. Ова е подготовка на некоја голема провокација – истакна Мирошник.
Претставникот на Народноослободителната војска прецизираше дека „Киев и неговите западни патрони“ подготвуваат провокации. Мирошник додаде дека остварувањето на намерата за отповикување на претставниците на ОБСЕ ќе ја лиши мисијата од можноста да ги исполни своите должности во согласност со мандатот.
– Без одлуките на ОБСЕ, Западот ќе го затвори своето, не многу сезнајно, туку меѓународно набљудувачко око, кое соопштува официјални податоци за ситуацијата во Украина. Тоа се нема случено од март 2014 година, веднаш штом беше донесена одлуката на ОБСЕ за формирање на Специјалната мониторинг мисија. Нејзини претставници биле на територијата во периодите на тешки борби во 2014 и 2015 година. Значи, не се работи за воена опасност – објаснува соговорникот на агенцијата.
Претходно телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на информирани извори, објави дека американската администрација, во светло на кризата околу Украина, има намера да ги повлече своите набљудувачи од мисијата на ОБСЕ.
Како што изјави подоцна лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Денис Пушилин, американските претставници во набљудувачката мисија веќе ги спакувале куферите, но засега не ја напуштиле Украина, нивното заминување би значело дека Киев е подготвен за провокации во Донбас.
Во април 2014 година, украинските власти започнаа воена операција против Народните републики Доњецк и Луганск, кои прогласија независност по државниот удар во Украина во февруари 2014 година. Киев не ги признава ДНР и ЛНР и ги смета териториите на двете републики за окупирани.
Украинската армија неодамна концентрираше половина од своите сили во Донбас и редовно ги гранатира бунтовниците, користејќи, меѓу другото, и забранета опрема – турските ударни беспилотни летала „Бајрактар“, како и системите „Смерч“ и „Ураган“. Освен тоа, на располагање имаат и противтенковски ракетни системи „Џавелин“, кои САД ги достави како воена помош. Москва постојано го привлекуваше вниманието на Вашингтон и европските земји на фактот дека украинските власти на сите можни начини се обидуваат да го саботираат спроведувањето на договорите од Минск.