Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор , го поддржа американскиот сенатор Дејвид Пердју, кој рече дека САД треба да го преиспитаат своето присуство на Косово.
Доналд Јуниор напиша на својот профил на Твитер дека е време американските војници да се вратат дома.
Agree. There are 650 US troops in Kosovo. Time to bring them home. https://t.co/gKaQHAkyL5
— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) March 10, 2020
“Се согласувам. Има 650 американски војници на Косово. Време е да ги донесеме дома”, напиша синот на Трамп.
Пердју порано денес на Твитер напиша дека Приштина треба да го стори својот дел и да стави крај на даноците што се наметнати за Србија и дека доколку Косово не е целосно посветено на мирот, САД треба да го преиспитаат своето присуство таму.