Американскиот претседател Трамп претставува еден од најголемите предизвици за Европската унија бидејќи се моли за распадот на европскиот блок, вели претседателот на Европскиот совет, Туск.
Трамп ја поздрави одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, обележувајќи ја Европа како трговски „непријател“ и доведувајќи го во прашање Трансатлантскиот одбранбен сојуз НАТО, пренесе Ројтерс.
За прв пат во историјата, постои американски претседател кој отворено се спротивставува на обединета Европа.
„Тој го поддржува Брегзит и се моли за распадот на Европската унија“, рече Туск во интервју за германскиот неделник ,,Цајт”.
Туск го опиша Трамп како решен да ја ослабне ЕУ и рече дека тоа може да биде најтешкиот предизвик за организацијата.
1 comment
мислев дека никогаш нема да се “најдеме“ со Штрумф, постоеше нада ама, а ете тоа да ти било распад на четвртиот рајх!