Македонија

ДПНЕ Против една изборна единица

Image result for избори

ДПНЕ става кочница на предлогот за една изборна единица во која место во парламентот би обезбедиле и помалите партии кои ја немаат нивната финансиска и бирократска инфраструктура.

Наместо една изборна единица која најреално би ги произвела пратениците во законодавниот дом,ДПНЕ предлага мнозински модел со 120 изборни единици.

“Нашиот предлог е да ги вратиме пратеници таму од каде што доаѓаат и да одиме со еден систем кој што го имавме на почетокот на деведесеттите години. А тоа е 120 изборни единици по принципот на мнозински систем каков што има Велика Британија, Канада, САД, со плурално гласање. Оној кој што ќе добие во првиот круг најголем број на гласови да стане пратеник“ – вели пратеникот на ДПНЕ Илија Димовски.

Очигледно ДПНЕ не сака да се откаже од привилгиите кои тие и СДССМ ги имаат,но патот на делегитимирањето на овие две клиентелистички партии  веќе наголемо е започнат,така да ниту еден изборен модел нема да ги спаси од катастрофата која на 12 Април им претстои бидејќи тогаш ќе се соочат со граѓаните кои веќе оддамна ги прочитаа и најавуваат широка коалиција која ќе победи и ќе ги фрли и ДПНЕ и СДССМ онаму каде што припаѓаат,на буништето на историјата.

Related posts

Leave a Comment