Македонија

Драган Даниловски: „Сертификатите никогаш не требаше да се донесат“ – „Вирусот е во паника, не важи веќе вакцина, сите ќе го поминеме“

Проф. д-р Даниловски за Канал 5: Изборот е или вирус, или вакцина, трето  нема - Канал 5

Епидемиологот д-р Драган Даниловски гостуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме околу новиот сој на ковид-19. Според него, вирусот е во „паника“, а не важела веќе ни вакцината, односно сите ќе го поминеме.

„Се тоа се показатели дека вирусот е во паника и со оглед на тоа колкава популација сме бидејќи не важи ниту вакцина ни рележаност сите ќе го поминеме за очекување е дека три, четири до пет месеци дека практично кој ќе се сведе на питомо маче, ноктите ќе му се истапат и тој ќе битисува овде како ендемски жител меѓу нас“, вели д-р Драган Даниловски.

Тој вели дека веќе не треба толку да се „есапат“ бројот на заразените лица и секој ден да „бомбардираат“ колку случаи има.

„Треба дефинитивно понатаму маркери за состојбата да ни биде бројот на хоспитализации и починати. Само тие да се бројат, само тие да се соопштуваат, а ова што значи тестирање, исто така да не се тестираат сите позитивни, туку само тие кои што ќе пројават симптоми“, додава д-р Драган Даниловски.

Микробиологот д-р Никола Пановски гостуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде посочи дека сертификатите за примена вакцина против ковид-19 никогаш не требало да се донесат.

„Сертификатите треба, односно никогаш не требаше да се воведат, а сега е крајно време да не ги малтретираат луѓето и да им забрануваат движње, бидејќи и вакцинираните исто така ја шират болеста. Тоа е факт бидејќи имаме земји, го споменав Сиднеј кој што има замислете 95% вакциниранинад 16 години и со 87% со две дози од 12 до 15 години имаат експлозија со сите мерки“, вели д-р Никола Пановски.

Пановски вели дека ние имаме неверојатен процент на починати.

„Па според тоа што се случува во светот треба да се види што значи тоа цунами… Шпанија е дојдена до 100.000 заболени Еве ви го кажав Сиднеј претходно, 11 илјади на ден , 150 илјади тестирани не ме интересира тука пишува тројца умреле постари од 90 години. Мене ме интересира што кај нас има 315 денеска што е неверојатен нечуен процент, треба да се види што е? Дали не ги фаќаме позитивните пошто овие земји што ги кажувате смртноста е 0,1 процент, и пред омикрон но и сега. Ако се каже дали се тешки случаите колкава е смртноста од неразбирливи причини има месец дена европските земји да кажат колкава е смртноста од омикрон, проста реченица. Од некои неразбирливи за мене причини не ја кажуваат, од тоа што не ја кауваат мислам дека е ниска“, додава д-р Никола Пановски.

 

Related posts

Leave a Comment