ЕУ проширувањето и Македонија
После првото нјет на Макрон по прашањето за отпочнување ЕУ преговори со земјите кандидати и Македонија, сега навидум се подотвора вратата божем за некакви нови лажни надежи . Со новата предложена методологија од унгарскиот комесар за проширување , станува збор за нова стапица, каде преку дипломатски речник јасно е најавено дека ниту една земја не може да оди понатаму во процесите на усвојување на разни поглавја, доколку и една од посточките ЕУ држави тоа не го одобри.
Преведено на македонски, тоа подразбира дека судбината на Македонија е целосно ставена во рацете на своите душмански соседски држави, членки на Унијата. Тоа пак подразбира, цементирање на Преспа и северна, препишување и поистоветување на македонската историја со она на соседите, официјално самоуништување. На секој чекор, Грција и Бугарија ќе имат право да не стопираат и уценуваат се додека не се самоуништиме и исчезнеме. И кога и тоа ќе се случи, тогаш ќе можеме да се надеваме да влеземе во тој сојуз, што секако за овие 20 до 30 години сигурно и не ќе постои. Тоа е играта и заблудата.
Процесот нема воопшто да зависи од нашите политички партии, секој ќе биде должен кон тој правец на послушност , потчинетост и “несвесно” самоуништување. Ако се земе во предвид македонското политичко поднебје и идните стратешки определби на најголемите партии , тогаш со сигурност можеме да се увериме во нашето постепено исчезнување . Нивните стратешки цели за ЕУ и НАТО се предодредени, зацртани и непроменливи. Со самиот тој чин на потчинетост, човечко недостоинство и нерамноправност, сите ЕУ предвидувања за почитување на Правото паѓаат во вода. Се додека не третират како северни , се дотогаш ЕУ останува верна на својата антимакедонска и геноцидна политика а со тоа и недостојна за дискусија и членство. Поништување , раскинување и фрлање во буништето на историјата на геноцидниот договор од Преспа, па потоа отпочнување на било какви преговори и членство.
Драган Стоиловски – Координативно тело на Македонците во Европа