Грчката полиција спречи 1.646 мигранти да влезат на грчката територија во последните 24 часа.
Уапсени се двајца мажи, еден од Египет и еден од Мароко, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.
Десетици илјади мигранти се обидуваат да ја преминат турско-грчката граница откако Турција на 28 февруари изјави дека повеќе нема да ги задржува мигрантите и бегалците на нејзина територија, како што е поинаку предвидено со договорот од 2016 година меѓу Анкара и Европската унија.