Др. Александар Костовски, должник кон Македонија и Македонцките работи, член на иницијативата Родина Македонија и Вистинскиот Македонски Пат, ја парафразира старата лектира за Слугата Јернеј и неговото право “у НАТО ми имамо једног великога шефа, који је снажни шеф, има велику снагу, нај снажни шеф на свету и он оно што каже то се деси”. Се било финта да имаш господар, а не рамноправен партнер и пријател. Ама има е едно друго, Таму кај што нема робови нема и господари…! Понатаму во својот напис Костовски пишува.
Имаше лектира за Слугата Јернеј и неговото право. Предмалку го ислушав радио разговорот на Др. Ларис Гајсер:
Слушајќи го делот за Македонцките работи, нешто ми дигна “ручна” и ме натера да помислам дали сето тоа што го зборува ја содржи логиката во изказот и дали е правилно утврдена фактичката состојба.
“U današnjoj ćemo se emisiji osvrnuti na korupcijsku aferu pod nazivom Reket koja je ove godine značajno protresla Makedoniju, zapravo Republiku Sjevernu Makedoniju i to na način da je dovela u pitanje legitimnost aktualne vlasti u toj državi.”
Легитимност на власта: Како може да е легитимна кога е создадена врз основа, не на уставот на Р. Македонија, туку врз основ на толкување на уставот ? Изборот на собраниски “шериф” е направено вон секоја процедура уставна, законска и деловничка и со помалку од 61 глас и две раце на Шилегов. Нема ни записник ниту било каков пишан документ!
Значи според Др. Ларис Гајсер и меѓународна се е легално!…
Исто така понатаму се наведува дека недобивањето датум не било негативна порака кон Македонија и Македонците, туку биле негативна порака кон Заев.
Уште кога беше прецедничкиот кандидат на опозицијата по Бриселски канцеларии јасно им ставија до знаење дека нема да има датум, за Рекет се молчеше за да поминат претседателски. И самиот Емануел Макрон во кампањата за референдумот јасно и гласно кажа дека цела драмолетка не е за прием во ЕУ!
Второ нешто кое не ми е јасно, нели имаше занес и ветувања за постапно објавување на снимките од рекет и дека ќе се одело до врвот…за да потоа се крене “ручна” демек да се “спасат доказите” и такви учудишта. Значи го имаат видео и тонски документирано целиот процес. Ако ЕУ-меџународна навистина сакаа да го сотрат во корен затруеното дрво и неговите плодови ќе ги пуштеа до крај снимките….Имаат уште многу механизми да го “ископачат” гмо дрвото со плодовите….Дали сакаа? Категорично не! Демек готов е….Да, ама не е така.
Избори да ама не сега кога не се знае. “Дајмо се припремити за нато”, па нели одлуката за стапување во воениот сојуз не е усвоена и тоа е објавено во службен весник на РМ од 8 октомври 2018. Или кому му е гајле, да ги заробиме и точка, право и закони кој ги шиша…Браво бе!
Ќе си гласаат сите како попчиња ратификација на воениот сојуз во парламент на дивотворбата иако референдумот е по сила над сите парламентарни гласања….и потоа со ветување за кое сме сведоци во јавноста опожмицијата и жм8ро ќе си ја бетонираат дивотворбата, нас како /// – се во име на господарот.
Македонија е опколена од воениот сојуз и доволно е, согласно референдумското изјаснување, да се направи меморандум за разбирање и соработка со сојузот чија цел е нели одбрамбена (барем на хартија) и толку!
Понатаму во разговорот се споменува договор меѓу “Груевскога и Заева”, за жал точно. Добија држава на тацна за да ја растурат!
Околу парадоксите (криминалот на меџународна) се сложувам безусловно, дека Македонија е пробен полигон, заморче за испитување отрови….
И Груевски ваков, онаков, договорен се до моментот …..”и ово се дешава због тога што је Еуропа обечала Грчки нешто натраг и Грчка је то добила преко Зајева. Ако би остао Грујевски, ако би остала нека конзервативна струја нека конзервативна партија вероватно то не би се десило”
Чек сега нели Грујевски бил договорен, зошто требаше да го срушат? Ама јасно е дека не треба да има партија (конзерва) која би се борела против сево ова и затоа во жм8ро сега интензивно полнат секакви по листи и менуваат де центар, де граџанска за да се предизвика повраќање и одвраќање на гласачите и изчезнување на секаква политичка конзерва….
И доаѓаме до насловот слугата Јернеј “јер у НАТО ми имамо једног великога шефа, који је снажни шеф, има велико снагу, нај снажни шеф на свету и он оно што каже то се деси”
Се било финта да имаш господар, а не рамноправен партнер и пријател.
Ама има е едно друго, таму кај што нема робови нема и господари…
Така доаѓаме и до жм8ро. Слушајќи ги наводите, а со цел да има постојани робови и целата одбивност на чекорите што ги влече опожмициското раководство, се стига до изводот дека осуммината се всушност позајмени и ќе си се вратат пак во јатото и ќе си ја пејат песната на господарот….
Замислете да му текне на шефот утре исто така да ги спакува словенците во /// – како тогаш ќе се чуствуваат?
Што ќе се случи ако пак има блок и за воениот сојуз од страна на помалку силните во Европа? Каде ќе се деваат после Јернејовците? Што ќе мелат на водениците дека еден бил изборот?
Доколку постои искреност или господарот дозволува, Др. Ларис Гајсер може да помогне со образложувањето на целата нелегала која се случи и така од земја- полигон за вежбање пак да се востанови меѓународното право, уставот и законите, а пред се правото на самоопределување! Се друго и реториката и ставовите (составот на речениците) се препокриваат со опозициските и ме наведува на мислата дека центарот за управување и менаџирање со кризава “Чадоринито” е во Италија.
Јас сум подготвен во секое време да размениме мислења околу ова со секој еден човек, без разлика кој и каков е. Доколку некој се чуствува навреден му се извинувам, ама нам /// Македонците кој да ни се извини?
Наведувам дека не барам политичка функција или вработување или наплата за мислењево. Никогаш не сум работел државна работа и не должам ништо на партии или групации.
Да Живее Македонија!
Др. Александар Костовски, член на РОДИНА МАКЕДОНИЈА