По терористичкиот напад во центарот на Виена, на американската страница специјализиранa за следење на исламистички страници „СИТЕ“ , се појави пост на џихадист , во кој се тврди дека нападите биле извршени поради учество на Австрија во коалицијата предводена од САД.
Покрај тоа соопштение, беше поставена и слика од центарот на Виена.
Патем, САД, формираа меѓународна коалиција против Исламската држава, а нејзина членка е и Австрија, која, сепак, не дава воен придонес.