Свет

ЕВРОПСКА МИГРАНТНА НАВАЛА : Најмалку 155 мигранти ја минаа границата на шпанската енклава (ФОТО, ВИДЕО)

 

Најмалку 155 мигранти од субсахарска Африка успеаја да се пробијат во шпанската енклава Сеута, откако се искачија на оградата или ја преминаа границата од Мароко.

Седум мигранти се искачија на шест метри висока ограда за само два часа, но беа соборени од полицијата и им беа предадени на мароканските колеги.Поголема група од околу 250 мигранти се обидела да прескокне над 8,2 метри високата ограда која граничи со морето, повеќето од мигрантите се од Гвинеја, Западна Африка.

Во мароканскиот округ Мдику, 400 илегални мигранти се обиделе да ја прескокнат оградата, а 90 веднаш биле уапсени.

Денешниот „пробив“ на мигрантите е првиот обид од почетокот на годинава, а повеќе од 200 мигранти се обидоа да ја преминат границата во Мелила, втората шпанска енклава во северна Африка.

 

 

Related posts

Leave a Comment