Клер Дејли, членка на Европскиот парламент од Ирска, во тоа тело изјави дека историјата не научи дека санкциите не ставаат крај на воените конфликти.
„Тие прават луѓето да страдаат, а не олигарсите, луѓето. Народот на Русија, народот на Европа“, рече таа, критикувајќи го вооружувањето на Украина, обраќајќи му се на колегата од Бугарија, Андреј Џамбазки со зборовите: вашата лажна емпатија кон Украина е шуплива приказна, „Ми се гади од тоа, да ви кажам искрено“, рече Дејли.
Таа праша и кога НАТО имал продуктивна улога и кога некаде донел мир.
WAR IS PEACE? Blanket calls for more arms, more sanctions, more destruction are unweaving any chance at ending this war. MEP Angel Dzhambazki, fined one day prior for performing a nazi salute in the parliament, questions the morality of anti-war politics. Not in my books… pic.twitter.com/li86Vzgw6N
— Clare Daly (@ClareDalyMEP) April 7, 2022