Свет

Еден турски војник убиен, петмина повредени во Сирија

 

Еден турски војник е убиен, а петмина повредени во сирискиот регион Рас Ал Аин од ракетен и минофрлачки напад на курдските милиции, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Турската армија одговори на нападот, се додава во соопштението, пренесе Ројтерс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави вчера дека Турција ќе ги протера курдските милиции од северо-источна Сирија, доколку Русија не ги исполни своите обврски според договорот што помогна да се стави крај на турската офанзива во регионот.

Според договорот, постигнат помеѓу Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, руската воена полиција и сириските гранични сили треба да ги протераат курдските борци и милицијата од 30-километарската зона од границата во текот на шестдневниот период што истекува во вторник.

Related posts

Leave a Comment