Свет

Екипажот на запленетиот британски танкер ќе биде задржан се додека истрагата не заврши

 

 

Сите членови на екипажот на британскиот танкер Стена Имперо, притворени од иранските власти во Ормудскиот теснец, се наоѓаат на брод во пристаништето Бандар Абас, и тие ќе останат таму додека истрагата не заврши, јави агенцијата ФАРС.

Според локален претставник, британскиот танкер “бил вмешан во инцидент” со ирански рибарски брод, по што бил запленет. “Танкерот е во иранското пристаниште Бандар Абас, и сите 23 членови на екипажот ќе останат на брод додека истрагата [на инцидентот] не заврши”.

Агенцијата ИРНА во петокот објави дека иранската елитна единица на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) притворила британски танкер Стена Имперо поради “кршење на меѓународните правила од страна на бродот”. Според ИРГЦ, танкерот бил придружуван до брегот за инспекции.

Претседателот и главен извршен директор на Стена Балк (шведска компанија која е сопственик на бродот), Ерик Хан, изјави дека “има 23 морнари од индиска, руска, латвиска и филипинска националност”. Портпаролот на Стена Балк претходно изјави дека има тројца руски државјани на притворениот танкер.

Related posts

Leave a Comment