Во силната експлозија што го потресе предградието на Антверпен во Белгија, уништени се повеќе домови, две лица загинаа, а 14 беа повредени.
Се верува дека повеќе луѓе останале закопани под урнатините на куќите во јужното предградие на градот, пренесе Ројтерс.
Петмина се тешко повредени, од кои едниот е во критична состојба. Неколку часа по експлозијата, спасувачите извлекоа маж, жена и дете од урнатините.
Во овој дел на Антверпен живеат главно студенти.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, а полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот.