Колумни

ЕЛИЗАБЕТА МАТЕВСКА : РОДИНАТА МАКЕДОНИЈА МОРА ДА БИДЕ ПОСЕАНА СО ЗДРАВОТО СЕМЕ НА РОДОЉУБИЕТО!

SOWING THE SEEDS OF LOVE - Unique Destination

Премногу денковци со малецки умови, лилиња, синови и ќерки на тате и мама!? Доследни или не на делото на своите створители!?

Цилиња, фрчиња, црвендачиња, вилипчиња, такифитиња, камбовчиња, ратки и раткини синови, сите ‘блажени‘ деца на своите предци!? Се до искотот мотикар, од предок арамија!
Сите, од првиот до последниот, закотвени во лежерниот комформизам во институти, академии, универзитети, власт, амбасадори, претставници во највисоките светски организации.
Една цела булумента отпадници се искоти од не наследници од тие кои ја градеа оваа земја, натопена со крв, желна за слобода и опстанок, просперитет, желна за мир и спокоен достоинствен живот.
Конквистадорите рушеа туѓи цивилизации а овие ја рушат својата родна грутка!
Од каде на ова свето тло, 30 пати спомнато во Книгата над Книгите, Библијата, се искоти толку отпаднички одрод.
Ова македонско тло, натопено со револуционерна света крв!
Зародиш, развој, двигател на цвилизацијата, обединител на световите, државништво, култура, писменост, мислителство, световност, преродбеништво, богомилие.
Кој ли толку силна клетва фрли и зла коб!? Не сфатлив е тој антагонизам од толку доблесни синови и ќерки на една исконска цивилизација, егземплари на светската историска сцена, со крајно неприфатливи грамзиви златосреброљубни изродници, намесници на темните злокобници на мочуриштето.
Велат игнорирајте ги, не им придавајте значење!
Како? Зошто ? Зарем да бидеме слепи и глуви на она што секојдневно го преживуваме!? Немо да сведочиме на секојдневните предавства!? Да бидеме соучесници со нив!? Да бидеме субверзивни сорушители на сопствената татковина!? Молчачи и соучесници има, да и тоа премногу, за жал.
Следното орање на ‘нивата‘ РОДИНА , мора да биде многу длабоко, да се искоренат сите корени од таа зла семка да излезат на површина и се фрлат на кладата на просветлувањето, да изгорат заедно со својот погански бес.
А Родината Македонија ќе биде посеана со старото чисто, здраво македонско семе, без кукол, семето на чесноста, родољубието, да израсне и узрее златно класје, од лелејавото жито под Македонското Сонце.

Елизабета Ч. Матевска, член на претседателството на Родина Македонија

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

пристапница

Related posts

Leave a Comment