„Храната, како и енергијата, станаа руско воено оружје“, рече францускиот претседател.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска, на почетокот на африканската турнеја, дека храната и енергијата станале „руско оружје за војна“, отфрлајќи ги оценките дека западните санкции придонеле за глобалната криза за снабдување со храна.
Камерун, каде Макрон ја започна својата посета на Африка, се бори, како и многу земји во развој, со зголемените цени на нафтата, ѓубривата и храната. Поради недостиг на гориво во главниот град Јаунде минатата недела, на бензинските пумпи се формираа долги редици, објави Ројтерс.