Невладините организации и судиите во Европскиот суд за човекови права -CEDH ( Извештај од февруари 2020) Енормното влијание на Сорос фондациите врз европските институции
Европскиот суд за човекови права во Стразбург, како најголема правна институција на Советот на Европа, е формиран 1959 година со цел да ја спроведува и почитува Европската Конценција за заштита на човековите права и фундаментални слободи.
Четириесет и седумте судии кои заседаваат и донесуваат одлуки се преставници и од секоја држава. Со нивното судење и заклучоци тие треба да ја примораат осудената држава да го спроведе правото од Конвенцијата во своите правни законодавства .
Тоа е од формалната правна страна . А како е во практиката?
Најголемиот проблем е во тоа што, во последниве неколку години избраните судии кои требат да бидат непарцијални и независни , се дел од невладини организации кои се финансирани од неколку моќни луѓе.
Сорос ја владее Европа
Влијанието на НВО организации е огромно во одлучувањето и донесување на одлуки во Европскиот суд. Само за илустрација, 22 од 100 судии доаѓаат директно од ваквите невладини организации , кој веќе работеле таму или на раководни места или пак биле под нивно влијание.
Од овие 22 судии, 12 доаѓаат од Фондацијата на Отворено Опшество, 7 мина од Хелсинскиот комитет , 3 ца од Амнести Интернашионал, 1 од Human Rights Watch…..
Секако фондацијата на Отворено опшество е меѓу најважните а истовремено ги финансира и другите шест НВО организации .
Од 2009 година па до денес, во 187 случаи имаме кога бар најмалку една од седумте НВО организации е директно вмешана во донесувањето на одлуки или пак како “независен” набљудувач во судските процеси.
Оваа состојба повеќе не може да се толерира каде се доведува во прашање независноста на Судот и непарцијалноста на судиите . Самиот принцип кој судот треба да го наложи на државите членки да го применуваат е загрозен.
Токму затоа е и извештајот на Gregor Pupinck и Delphine Loiseau од Европскиот центар за правото и правдата ( European Centre for Law and Justice).
Прашања поврзани со извештајот :
– Исклучителната политичка моќ на Судот;
-Влијанието и нетранспарентноста на НВО во работата на Судот;
– Неурамнотежен судски систем;
– Актери без демократски легитимитет ;
– Влијателни приватни актери;
– Загрозување на принципот на еднаква застапеност со правни средства во судските постапки ;
– Немањето гаранција за независност и непарцијалност на судиите;
– Отсуство на плурализам во интепретацијата на човекови права и слободи;
Што се однесува за финансирањето на Сорос фондациите , тие се движат од сто милиони долари по држава од периодот 1992 како во Албанија , 90 милиони Летонија или по толку секоја година на државите од Западен Балкан.
Главни домени на финансирање се либерализација на дрогата, правата на Ромите и малцинствата, проституцијата и ЛГБ заедници, мигранти .
Главна цел на овие фондации во контекст на Европското право е да наметнат своја “jurisprudence “ и како такво да биде вметнато во законодавството на Европскиот суд.
Преведено на јазикот на Крсте Мисирков
“ Кадија те тужи, кадија те суди”.
“Да живее ЕУ и корумпираната Брисел администрација “
Драган Стоиловски