Свет

Ердоган го брани „Турски тек“ од САД: „Ние не сме племенска држава“

Фото: Одликувано, gioiak2, 210255486

Анкара – Турскиот претседател Таип Ердоган им се закани на САД дека Анкара ќе одговори со реципрочни мерки ако Вашингтон воведе санкции за гасоводот „Турски тек“.

„Против нивните санкции, секако, ќе бидат наши контра-санкции. Ние не сме народ што можете да го заплашувате. Јас постојано потенцирам дека не сме племенска држава“, рече Ердоган за време на посетата на Малезија, пренесе ТРТ.

„Сега тие без двоумење велат дека ќе воведат санкции за турскиот ток. Тоа е насилство врз нашиот народ“, истакна турскиот лидер.

Американскиот Сенат го одобри федералниот буџет за финансиската година 2020, а документите треба да ги потпише американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот Сенат и Претставнички дом го одобрија воениот буџет од 738 милијарди американски долари, кој предлага „заштита на европската енергетска безбедност со воведување санкции на цевководите Северен тек 2 и Турски тек“.

Воениот буџет на САД, исто така, вклучува и забрана за испорака на Турција на најновиот американски авион Ф-35 како одговор на аквизицијата на Анкара на руските системи за воздушна одбрана С-400.

Тој додаде дека Турција ги затвори прашањата во врска со руските системи С-400 и американските авиони Ф-35, а Американците можат да прават што сакаат, пренесе Спутник.

Related posts

Leave a Comment