Свет

Ердоган: Започнува воената операција на сириската граница

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе спроведе воена воздушна и копнена операција источно од Еуфрат во Сирија, каде Анкара и Вашингтон сè уште немаат воспоставено планирана „сигурна зона“.

„Подготвивме, направивме оперативни планови и ги дадовме потребните упатства“, рече Ердоган, додавајќи дека Турција би спровела воздушни и копнени активности „денес или утре“.

Од друга страна, сириските демократски сили, поддржани од Вашингтон, рекоа дека нема да се колебаат да го претворат најавениот турски напад во „општа војна“ за одбрана на североисточниот дел на земјата.

Според Ројтерс , Соединетите држави се согласиле заеднички да воспостават безбедна зона на сириската граница, но Анкара не е задоволна од напредокот во овој поглед и честопати претходно се закануваше дека ќе спроведе воени операции таму.

Related posts

Leave a Comment