Свет

Ердоган и се заканува на Москва поради Сирија : Нашата трпеливост заврши!

АНКАРА – Русија не се придржува кон договорот од Сочи и Астана во северозападната сириска провинција Идлиб, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако сириските владини сили бомбардираа делови од областа.

Ердоган рече дека Турција ја известила Русија дека и истекува трпеливоста, додавајќи дека ќе го направи она што е потребно, пренесува Ројтерс.

Новите бомбашки напади во Идлиб предизвикаа загриженост дека ќе следи нов бран бегалци од тој дел на Сирија, дом на околу три милиони луѓе.

Во исто време, АП објави дека сириските владини сили, поддржани од Москва, го зазеле градот Марет ал Нуман, една од главните стратешки точки на бунтовниците во провинцијата Идлиб, пренесува Танјуг.

Градот, кој е во рацете на бунтовниците од 2012 година, е на автопат што ги поврзува Дамаск и Алепо на северот на земјата и се смета за клучен за силите на претседателот Башар ал Асад.

Окупацијата на градот е последна во низата воени триумфи на сирискиот претседател, според АП.

Related posts

Leave a Comment